Поврзете се со нас

Македонија

Лоши вести за „црвено-црните“: Вардар остана без Ѓукиќ до крајот на сезоната

Објавено

на

Македонскиот шампион, Вардар 1961 доби лоши вести кога е во прашање повредата на српскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ.

Десното крило се повреди на првенствениот меч против Прилеп по што мораше да биде изнесен од теренот со помош на соиграчите. Веднаш стана јасно дека се работи за нешто посериозно по што деталните лекарски прегледи покажаа дека Ѓукиќ ги скинал лигаментите на коленото.

Ова значи дека пред Дарко е долга пауза од терените, долг процес на закрепнување што значи дека оваа сезона за него е неверојатна. Со ова вардарци губат значаен играч, играч кој можеше да игра и како десен бек како поддршка за Куни Моралес.

Сега како главна опција на таа позиција останува Гоце Георгиевски, а повеќе простор за игра би требало да добие и Ален Ќосевски.

Повредата на Ѓукиќ значи дека тој ќе го пропушти и Светското првенство кое се игра на почетокот на 2023 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни