Поврзете се со нас

Шпанија

Лоши вести за Барселона: Тер Штеген поради повреда мораше да ја напушти германската репрезентација

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Марк Андре Тер Штеген мораше принудно да се повлече од националниот тим, поточно нема да биде на голот на Германија за дуелите со Турција и Австрија.

Најдобриот германски голман имал акутни болки во грбот по што е одлучено тој да се врати во Барселона.

-Тер Штеген ќе ги пропушти двата натпревари бидејќи има акутни болки во грбот. Утре – во сабота – ќе лета назад за Барселона. Се надевам дека наскоро ќе закрепне и ќе се врати на терените со својот тим, -истакна германскиот селектор Јулијан Нагелсман.

Сега ќе следат дополнителни тестови и ако е нешто посериозно тоа ќе биде сериозен проблем, удар за Барселона со оглед на тоа што Тер Штеген е многу важен играч, лидер на екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни