Поврзете се со нас

Англија

Лоши вести уште од првото коло: Клоп останува без клучен стартер во наредните шест седмици

Објавено

на

Јирген Клоп немаше воопшто позитивен впечаток од првото издание на неговиот тим во Премиер лигата и ремито остварено на гостувањето кај Фулам, односно нагласи дека единствено добро од тој меч е резултатот 2:2.

Освоениот бод на „Кревин Котиџ“ е премал залак за шампионските амбиции на „црвените“, кои новата сезона ја започнаа со неколку повреди, а сега малерот продолжува и по компплетирањето на првото коло.

Тиаго Алкантара не го доигра мечот со Фулам, а за жал, деталните лекарски прегледи покажале дека мускулната повреда е од посериозен карактер.

Шпанскиот играч за врска се претвори во клучна фигура во формацијата на Клоп минатата сезона, но сега Германецот ќе мора да бара други решенија во наредните неколку седмици.

Според последните вести од Англија, Алкантара има истегнување од потежок степен на заднажата ложа, поради што ќе отсуствува во период од шест седмици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни