Поврзете се со нас

Балкан

Лоши вести од Србија: На 49 години почина тренерот на најпријатното изненадување во српскиот шампионат

Објавено

на

Доста лоши вести утрово стигнаа од соседна Србија од каде јавуваат дека тренерот на Бачка Топола, Золтан Сабо починал во својата 49-та година од животот.

Сабо претходно немал никакви заболувања и токму затоа неговата смрт доаѓа како гром од ведро небо за сите фудбалски работници и љубители на овој спорт во Србија.

Сабо веќе извесен период беше тренер на српскиот суперлигша, Бачка Топола со кој минатата година беше најпријатното изненадување поставувајќи одлични резултати. На крајот Бачка заврши на четвртата позиција на табелата и си обезбеди европски натпревари, а според многумина тоа се должело на одличната работа на сега починатиот тренер.

Во играчката кариера играл за неколку клубови од Србија меѓу кои и Војводина и Партизан, а во странство ги носел дресовите на Аел Ларнака, Сувон, Фукоку и Залагерсберг.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни