Лоши вести од НБА Лигата: Хорор повреда на Лука Дончиќ (Видео)

EL0LtJFUUAEETXL

Младиот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ секојдневно ги полни медиумите во САД со неговите феноменални партии во дресот на Далас Маверикс.

За жал, овој пат Дончиќ беше во центарот на вниманието по тешката повреда која ја заработи на натпреварот против Мајами Хит.

Уште на стартот на средбата, Дончиќ не доскокна убво и притоа го свитка скочниот зглоб. Поради болките Словенецот не го продолжи натпреварот, а набрзо и ја напушти салата.

Засега се уште не е позната тежината на повредата на кошаркарот кој експлодира на стартот на оваа сезона.

Facebook Коментари