Поврзете се со нас

Англија

Лоша вест за Мареска: Важен играч на принудна пауза до почетокот на април

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Лекарскиот тим на Челси денеска излегол со разочарувачка вест за менаџерот Енцо Мареска, кој подолго од очекуваното нема да смета на еден важен играч.

Иако италијанскиот менаџер беше оптимист во однос на повредата на Николас Џексон, денеска станало јасно дека повредата на напаѓачот е посериозна и бара подолго отсуство.

Англиските медиуми објавија дека Џексон нема да биде во комбинација до почетокот на април, односно ќе може да им се приклучи на соиграчите дури по паузата за настап на репрезентациите во март.

Прегледите покажале мускулна повреда и подолга рехабилитација, па Џексон најрано може да се врати на градското дерби со Тотенхем, закажано за 2. април.

Повредата на Џексон треба да биде добра вест за Кристофер Нкунку, кој веројатно ќе добие поголем простор за докажување во редовите на Челси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни