Поврзете се со нас

Шпанија

Лоша вест за Дон Карло: Важен играч се повреди во самата завршница, па мораше да биде тешен од соиграчите (Видео)

Објавено

на

Дани Себалјос ги минува најдобрите денови како играч на Реал Мадрид, па во ситуација кога се претвори во редовен стартер во тимот на Карло Анчелоти, најмалку што му треба е нова посериозна повреда.

Играчот за врска се повреди во самата завршница од мечот со Реал Сосиедад по еден дуел со Кубо, а иако во прв момент се доби впечаток дека го повреди коленото, додека добиваше лекарска интервенција, стана јасно дека станува збор за мускулен проблем.

Загрижувачки во целата ситуација е што Дани не можеше да застане со цела тежина на повредената нога, па со помош на лекарите и асистентите беше донесен до клупата за резерви, каде мораше да биде тешен и од соиграчите.

Себалјос со солзи во очите ја доживеа новата повреда која може да го оддалечи од терените на подолго време, а првичните прогнози се дека ќе паузира најмалку еден месец.

Доказ за тоа е и видеото од „Ел Чирингито“, на кое се гледа дека Дани целосно поткривнува и не оди правилно при излегувањето од автобусот на Реал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни