Поврзете се со нас

Германија

Лоша вест: Уште еден играч од Бундеслигата боледува од рак на тестиси (Фото)

Објавено

на

Германската Бундеслига беше отворена на најлош можен начин за најголемото засилување за Борусија Дортмунд, бидејќи Себастијан Алер воопшто и не ја почна сезоната поради дијагностициран рак на тестиси.

Напаѓачот на Борусија веќе ја води најважната битка во животот и првичните прогнози се дека е на добар пат да ја победи болеста, но сега низ истото ќе мора да мине уште еден играч од Бундеслигата.

Херта Берлин денеска информираше дека Жан Пол Боетијус боледува од тумор на тестиси, поради што веднаш ќе подлегне на хируршки зафат и ќе биде во аут со месеци.

Лошата вест била откриена случајно за време на редовниот медицински преглед кој бил направен во средата, што прави ова да биде втор непосакуван случај во Германија во кратко временски интервал.

Сите во Херта му даваат максимална поддршка на фудбалерот пред најважната борба, а директорот Фреди Бобиќ вели дека сите во клубот ќе го чекаат, без разлика колку ќе трае рехабилитацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни