Поврзете се со нас

Македонија

Лош почеток за „црвено-црните“: Вардар без одговор за Брера во Струмица

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Екипата на Вардар претрпе пораз од Брера Струмица со 3-1 во последната средба од првото коло во Првата македонска лига.

Домаќините покажаа многу повеќе на дуелот на стадионот „Благој Истатов“, беа далеку поконкретни, создадоа повеќе шанси за гол и можеа да остварат и поубедлив триумф.

Ивковиќ веќе на самиот старт ја доведе Брера во водство. По тој погодок избраниците на Круљ имаа прилики да дојдат и до 2-0, но откако тоа не го направија стигна казната и Закариќ израмни на 1-1, резултат кој се покажа како конечен по првиот дел.

Во вториот дел домашните фудбалери беа на повисоко ниво, па Ивковиќ и Олабексиан го матираа Гачевски за три стартни бода на составот од југот на Македонија.

Брера следниот викенд гостува кај Силекс во Кратово, додека Вардар има дерби дуел со Пелистер на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни