Поврзете се со нас

НБА

Лос Анџелес Лејкерс ќе се обиде да донесе и трета голема ѕвезда во својот тим за следната сезона

Објавено

на

Новиот шампион во НБА Лигата, Лос Анџелес Лејкерс размислува за ноесење на уште една, трета голема ѕвезда во тимот.

Дресот на еден од најпопуларните тимови во историјата на НБА Лигата во моментов го носат големи имиња како Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а „езерџиите“ сега сакаат да го ангажираат и Крис Пол.

Пол би требало да ја презема одговорноста кога на некој од двајцата кошаркари кои веќе се во Лејкерс нема да им тргне најдобро.

Одличниот плејмејкер покажа дека може да игра одлично во тим во кој има тип на играч како Леброн Џејмс. Во редовите на Хјустон, Пол играше покрај Џејмс Харден кој е доминантен со топката и е одличен додавач, па така без сомнеж би бил од големо значење за шампионот во НБА Лигата.

Сепак, платата која ја заработува Пол и која е доста висока, око 85 милиони долари за две сезони би можела да претставува пречка во неговиот премин во „Стејплс Центарот“.

За да го ангажира Крис Пол, Лејкерс ќе мора да се ослободи од некои од кошаркарите кои ги има во своите редови, а веќе се шпекулира дека клубот ќе слуша понуди за Дени Грин, Авери Бредли, ЏаВале Мекги, Кајл Кузма и Алекс Карусо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни