Поврзете се со нас

Светски првенства

Лорис: Мбапе не ја трга насмевката од лице и знае што треба да направи против Англија

Објавено

на

Иго Лорис денеска учествувал на прес-конференцијата која е најава за утрешното четвртфинале со Англија, а на истата зборувал на различни теми, вклучувајќи ја и темата Килијан Мбапе.

Напаѓачот на ПСЖ е главна опасност за ривалите на „триколорите“, а Лорис смета дека иако медиумите со своите текстови и анализи прават голем притисок врз Мбапе, тоа нема да му влијае на голгетерот.

– Килијан има посебен квалитет, а тоа е да игнорира се што се зборува за него.

– Знае како да се подготви на свој, личен и уникатен начин и секогаш да одговори на предизвикот.

– Убеден сум дека тој има план во својата глава, максимално е концентриран и не ја трга насмевката од лицето. Впрочем, таков е од првиот ден на мундијалот, – истакнал Лорис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни