Поврзете се со нас

Франција

Лориен го шокираше ПСЖ со контра во продолжението, прв пораз за Покетино (Видео)

Објавено

на

Лориен го шокираше ПСЖ во завршницата на натпреварот, правејќи целосен пресврт против фаворитот, кој го доживеа првиот пораз (3:2) под водство на Маурисио Покетино.

ПСЖ очекуваше три бода од ова гостување против ко-фенерџијата Лориен, но домаќините не само што први поведоа, туку подоцна се покажаа како навистина незгоден противник.

Абержел во 36. минута го доведе Лориен во водство, но до крајот на полувремето ПСЖ израмни преку пенал, реализиран од страна на Нејмар.

Бразилецот и во вториот дел доби иста шанса и ја искористи, со што ПСЖ го реализираше пресвртот, кој сепак не беше доволен ни за бод.

Лориен во 80. минута израмни преку Виса, а во 92. минута кога гостите се обидуваа да стигнат до трет погодок, домашниот состав профитираше во контра, која сам ја истрча Мофи и ја претвори во победа од 3:2 за Лориен.

За домашниот состав тоа значи вкупно 18 поени и привремено одвојување од дното, додека ПСЖ остана на 45 бодови, еден помалку од Лион и идентично колку и Лил, кој има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни