Лоренцо му објави „војна“ на Роси: Не можев да го прифатам тоа што го направи

lorenco-rossi

Хорхе Лоренцо и Валентино Роси беа тимски колеги долги години, но сепак шпанскиот возач одлучи да направи значајна промена во 2016 година, прифаќајќи го предизвикот да вози Дукати наместо Јамаха.

Лоренцо беше крајно успешен со Јамаха и успеа да освои три светски титули, но покрај позитивната атмосфера, имаше и моменти на тензија кои во последната сезона резултираа со крајно нарушен одно со Валентино Роси. Според одреден дел од шпекулациите, Лоренцо си замина од Јамаха токму поради лошиот однос со Италијанецот во последната година, а дека навистина постоело нетрпеливост и недоразбирање сега ни откри самиот Хорхе кој со една доста провокативна изјава го нападна легендарниот Италијанец.

– Кога Роси се врати во Јамаха, стремежот на тимот беше да се подобруваме од година во година и резултатите да бидат врвни. Набрзо после тоа, дознав дека мојот кондициски тренер, Антонио Касчиани се состанал со Роси и неговиот прв помошник во Тавулија. Дознав од други за тоа и одлучив да ја прекинам соработката со Антонио. Валентино почна да ме копира во секој чекор. Ги користеше моторите кои јас ги користев за тренинг, а исто така ги копираше и моите тренинг вежби. Случајно или не, тој почна да го подобрува нивото и да станува се поконкурентен. Поради тоа, ги прекинав заедничките состаноци со Јамаха. Некој ги издаваше нашите тренинзи. Не треба да му дозволите предност на противникот и да дозволите да ве копираат. Сето она што ви дава предност во однос на останатите, мора да остане во строга тајност. Не можев да го прифатам тоа што го направи, – вели Лоренцо на промоцијата на својата книга насловена „Што научив до 30-та година“.

Facebook Коментари