Поврзете се со нас

Мото ГП

Лоренцо ја покажа својата нестварна гаража и се пофали со новиот „ѕвер“ вреден 3 милиони евра (Видео)

Објавено

на

Хорхе Лоренцо по крајот на минатата сезона објави пензија и се повлече од професионалното натпреварување во Мото ГП, одлука која сепак не ја исполни во целост, бидејќи само неколку месеци подоцна беше потврдено дека ќе биде тест возач на Јамаха.

Шпанскиот мотоциклист се врати во тимот во кој ги оствари најголемите успеси во кариерата и како тест возач ќе се обиде да го заборави хоророт во Хонда и Дукати, а негова главна цел ќе биде правилно да го развива моторот кој по неговото заминување е чекор назад од конкурентите.

Лоренцо е последниот шампион на Јамаха во „кралската класа“, но сега трикратниот првак во највисок ранг ни откри и дека е голем вљубеник во спортските автомобили.

Шпанецот ни ја покажа својата луксузна гаража во својот дом во Шпанија, а прикажаното видео го одбележа на најоригинален можен начин, најавувајќи го пристигнувањето на автомобилистичкиот „Пикасо“.

Поточно, Лоренцо се пофали со неверојатниот Пагани Хајра луксузен автомобил, чија вредност изнесува 3 милиони евра и чие производство е во ограничени количини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни