Лопетеги за поништениот гол на Севилја: Навистина не ми е јасно, тоа е голема грешка

lopetegi

Реал Мадрид успеа да ја добие пресметката со Севилја со 2-1, но дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ го одбележаа спорни моменти од кои најмногу внимание доби поништениот гол на Лук Де Јонг во првиот дел при резултат 0-0.

Холанѓанецот ја затресе мрежата на домаќините, ама истиот со помош на ВАР технологијата беше поништен поради прекршок на Немања Гудељ над Едер Милитао. Со оваа одлука воопшто не се согласуваат луѓето од Севилја, па така остра реакција имаше од спортскиот директор Мончи, а и тренерот Хулен Лопетеги исто така „грми“ на арбитрите на чело со Хуан Мартинез Муниера.

-Заслуживме нешто повеќе од пораз. Имавме добро прво полувреме, постигнавме легален гол, не знам зошто го поништија, не гладам причина за тоа. Вториот дел не го започнавме добро со топката. Потоа, презедовме ризици, постигнавме гол и тие брзо се вратија. Навистина не разбирам, освен ако некој не ми помогне да разберам зошто голот беше поништен. Тоа беше голема грешка, -истакна Лопетеги.

Facebook Коментари