Поврзете се со нас

Англија

Лопетеги: Не се плашиме од Ливерпул…

Објавено

на

Вест Хем е во серија од четири натпревари без пораз во Премиер лигата, но за крајот на годината го има најголемиот тест, предизвик, соочување со лидерот на табелата Ливерпул.

„Црвените“ се во страшен ритам и имаат супер резултати, поточно се без пораз уште од месец септември кога на домашен терен ги доби Нотингем Форест со 1-0.

Меѓутоа без разлика на ова домаќините се подготвени за борба и надмудрување со избрниците на Арне Слот.

-Дали ми е страв од Ливерпул? Не, нема страв. Се однесуваме кон секој тим со голема почит и тоа важи како за Саутемптон така и за Ливерпул. Тие се најдобриот тим во Премиер лигата. Имаат врвни играчи, многу добар менаџер и во моментов се во ритам, но мораме да веруваме во сопствените сили и можности. Ќе треба да донесам некои одлуки за претстојниот натпревар, но среќни сме што ќе можеме да играме дома, -порача шпанскиот стратег.

Средбата е закажана за терминот 18:15 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни