Лопетеги ја испрати првата порака по добиениот отказ од селекторската функција

lopetegi

Хулен Лопетеги ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, но нема да ја предводи селекцијата на Шпанија на Светското првенство во Русија кое официјално започнува во текот на утрешниот ден.

Тој доби отказ од шпанската федерација на еден ден пред мундијалот, па пред заминувањето од Русија на аеродромот во ја испрати првата порака:

-Многу сум тажен, но се надевам ќе одиграме фантастичен мундијал и ќе славиме. Имаме одличен тим и се надевам ќе го освоиме СП, -истакна Лопетеги.

Неговата позиција ќе ја заземе легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро.

Facebook Коментари