Лопетеги извлече еден заклучок од своите први 100 дена како тренер на Реал

julen-mikro

По феноменалното издание против Рома во Лигата на шампионите, пред Реал Мадрид е нова обврска во домашното првенство, а следна препрека на избраниците на Хулен Лопетеги ќе биде тимот на Еспањол кој ќе гостува на „Сантијаго Бернабеу“.

Овој меч од шпанската Примера ќе има посебно значење за Лопетеги кој ги заокружи првите 100 дена како тренер на Реал Мадрид, а новинарите побараа од предводникот на „кралевите“ да направи осврт за тоа што се случи во овие незаборавни три месеци.

Лопетеги беше доста скромен при излагањето и потенцираше дека резултатите од неговата работа ќе бидат познати на крајот од сезоната, но затоа потенцираше дека е презадоволен од залагањето и односот кој го имаат неговите фудбалри во овие први три месеци.

– Овие три месеци сега ми изгледаат многу кратки, се мина толку брзо. Искрено, не знаев дека поминале 100 дена. Се надевам дека ќе бројам уште многу месеци и дека тимот ќе продолжи да победува. Заклучоците се носат на крајот од сезоната, но од досега сработеното, ја оценувам работата на тимот со чиста десетка. Особено за посветеноста и односот кој го имаат играчите на тренинзите, – порача Лопетеги.

Facebook Коментари