Поврзете се со нас

Шпанија

Лопетеги излезе со џентлменска изјава откако заработи отказ на теренот

Објавено

на

Хулен Лопетеги доби еден од најчудните и најнеобични откази во модерната ера на фудбалот, бидејќи веднаш по крајот на мечот со Борусија Дортмунд, му беше соопштено дека во иднина нема да го води првиот тим на Севилја.

Спортскиот директор Мончи го следеше Лопетеги во секој момент и се погрижи да добие стоечки оваци и цело гледалиште на „Рамон Санчес Писхуан“, па на крајот поранешниот шпански селектор заврши со солзи во очите и се заблагодари за неизмерната љубов која му ја даваа фановите во последните три години.

Поразот од 1:4 од Борусија Дортмунд се покажува како последен меч во етапата на Лопетеги како тренер на Севилја, а во манир на голем спортсмен, Хулен продолжи и со џентлменска изјава на прес-конференцијата.

– Не сум од оние луѓе кои доаѓаат со подготвени говори после ваков настан, после ваков крај. Го кажувам она што го чувствуам во моментов. Севилја ќе остане дел од мене, ова патување никогаш нема да го заборавам и ќе го носам со себе до крајот на животот. Емоциите кои ги имаам во срцето секогаш ќе ги носам со себе.

– Секогаш ќе му бидам благодарен на Мончи за разговорот во Мадрид, кога ме убеди дека овој проект е вистинскиот. Ќе ги паметам пријателствата и љубовта од сите вас во Севилја, а особено ќе ги паметам почитта од играчите и навивачите. Што можам да барам повеќе. Сигурен сум дека тимот ќе излезе на вистинскиот пат со друг тренер, а јас ќе бидам во близина и ќе аплаудирам. Во мене имате уште еден севилјиста до крајот на животот, – изјави Лопетеги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни