Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лопес: Можевме да водиме со 2-0, во вакви мечеви…

Објавено

на

Лион не успеа да земе уште еден голем скалп и вечерва го заврши својот настап во Лигата на шампионите.

Францускиот прволигаш можеби одигра и подобро од дуелите против Јувентус и Манчестер Сити, создаде повеќе шанси, меѓутоа не погоди кога требаше, па на крајот претре пораз од Баерн Минхен од 3-0.

Во Лион се свесни дека можеби испуштија шанса за нова сензација, но во исто време знаат дека едноставно вакви прилики како што имаа Екамби и Депај при резултат 0-0 мора да се искористат затоа што во спротивно следи казна.

-Мислам дека не можеме да жалиме за начинот на кој игравме во првите 15 минути затоа што имавме две големи шанси. Можевме да водиме со 2-0. На овие натпревари од највисоко ниво плаќате ако не ги искористите шансите, -истакна голманот Антонио Лопес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни