Лонзо Бол го надмина 12 години стариот рекорд на Леброн и влезе во НБА историјата (Видео)

lonzo-ball

Изминатава ноќ во Америка се одиграа дури 11 натпревари во НБА лигата, но сепак еден од нив вреди посебно да се одбележи поради еден индивидуален учинок со кој беше испишана нова историја во најсилната кошаркарска лига во светот.

Лос Анџелес Лејкерс загуби на гостувањето кај Милвоки со 98:90, но големиот бисер на „езерџиите“ Лонзо Бол направи историја надминувајќи го досегашниот рекорд на Леброн Џејмс. Со 20 години и 15 дена, Бол стана убедливо најмладиот играч кој забележал трипл-дабл учинок на еден НБА натпревар, а тоа го направи со постинати 19 поени, на кои придодаде 13 асистенции и 12 скокови.

Со ова, младиот играч на Лејкерси за пет дена го поправи рекордот на Леброн кој своевремено постигна трипл-дабл со 20 години и 20 дена. Инаку, Џејмс изминатава вечер беше скромен за свои стандарди и во победата на Кливленд над Далас од 111:104 постигна само 17 поени, но затоа супер расположен беше Кевин Лав кој мечот го заврши со 29 поени, 15 скокови и 3 асистенции.

Голден Стејт, пак, ја продоложи фантастичната серија во која влезе и стигна до шестата последователна победа во НБА лигата, овојпат декласирајќи ја Филаделфија со 135:114. Како клучна се покажа последната четвртина во која „воините“ постигнаа 36 поени, а предводник во новата победа беше триото Дурент-Томпсон и Кари кое заедно постигна 74 поени.

Facebook Коментари