Поврзете се со нас

Шпанија

Лондонското лудило траеше 50 минути: Вест Хем и Арсенал одиграа незаборавно прво полувреме (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Вест Хем и Арсенал одиграа полувреме за фудаблските анали во Премиер лигата, бидејќи денешниот беше само четвртиот натпревар во историјата на кој се постигнати седум гола во 45 минути.

Всушност, на играчите на Вест Хем и Арсенал им требаа точно 50. минути со оглед на судиското продолжение во првиот дел, но без разлика на тоа, фановите кои го гледаа натпреварот присуствуваа на незаборавен спектакл.

Арсенал имаше предност од 0:4 до 36-та минута со погодоците на Габриел, Тросар, Одегард и Хаверц, додека Вест Хем врати неизвесност со погодоците на Ван Бисака и Емерсон.

Резултатот 2:4 ветуваше големи возбудувата и во второто полувреме, но пред самиот истек на првиот дел, Арсенал доби втор пенал, а истиот во гол го претвори Сака.

Погодокот на Букајо во 50-та минута од првото полувреме се покажа како последен на лудото лондонско дерби, бидејќи во продолжение стрелците мируваа и резултатот не се менуваше.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни