Атлетика
Лондонски маратон: Китата го изненади светскиот рекордер Кипчоге

Елиуд Кипчоге беше прв фаворит за победа на денешното издание на маратонот во Лондон, но тој ја загуби битката со Шура Китата во завршните километри од трката.
Традиционалниот маратон низ лондонските улици му припадна на Китата од Етиопија, кој благодарение на спринтот во финишот стигна до најголем успех во својата маратонска кариера.
Светскиот рекордер Кипчоге на крајот ја освои само осмата позиција, што за Кениецот е прв маратонски пораз уште од 2013 година.
Победникот Китата ја завршил маратонската трка за 2:05.41 часа, а зад него се најдoa Винсент Кипчумба од Кенија и Сисеј Лема од Етиопија.
На женската трка очекувано победи Кенијката Бригид Косгеи, инаку сопственичка на светскиот маратонски рекорд. Второто и третото место им припаднаа на Сара Хол од САД и Рут Чепнгетик од Кенија.

- Англијапред 22 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 19 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 17 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 23 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 21 час
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 18 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 15 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 17 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…