Лондон е домаќин на најдобрите: Познати се групите за АТП тур финалето!

medvedev-nadal

Лондон е домаќин на завршниот АТП турнир кој од 10 до 17 ноември ќе се одржи во „О2 Арената“, настан за кој денеска ги добивме двете групи Андре Агаси и Бјорн Борг.

Во групата Агаси ги имаме првиот светски рекет Рафаел Надал заедно со новата генерација Данил Медведе, Стефанос Циципас и Александер Зверев кој да не заборавиме е бранител на титулата.

На другата страна во друштвото Бјорг се Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер, плус Доминик Тим и Матео Беретини што дефинитивно е гаранција дека не очекува квалитетен и возбудлив тенис.

Овој турнир воедно ќе ни даде одговор кој ќе ја заврши актуелнава календарска година на првата позиција на АТП листата, Рафа има 640 бода повеќе од Ѓоковиќ, ама тоа не е гаранција дека Шпанецот ќе остане на самиот врв.

Facebook Коментари