Поврзете се со нас

Италија

Локатели со клучен блок го спаси Јувентус од уште еден неуспех (Видео)

Објавено

на

Јувентус вчера ја победи Специја, што невообичаено за „бјанконерите“, е прва победа во стартните пет кола од домашното првенство.

Фаворитот славеше со 3:2, но повторно имаше моменти во кои голот на Шчесни висеше и лесно можеше да се случи домаќините да ја продолжат серијата без победа на Јувентус.

Една таква ситуација се случи во моментите кога Специја водеше со 2:1, а гол за домаќините спречи Мануел Локатели кој беше на вистинско место и ја изби топката, во ситуација кога Шчесни веќе беше совладан. По оваа нереализирана шанса, казната стигна во вид на голови преку Киеза и Де Лихт за триумф на Јувентус.

– Веројатно немавме среќа бидејќи примивме два гола откако топката го менуваше движењето по нашите блокови. Но по „одбраната“ на Локатели, успеавме да направиме пресврт, – изјавил Леонардо Бонучи по средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни