Лига на шампиони
Локатели: Се имавме во наши раце, ова многу боли!

Јувентус падна во Ајндховен по дополнителните 30 минути и доживеа елиминација од Лигата на шампионите.
Калчолигашот славеше со 2-1 во првата пресметка со ПСВ, но во му дозволи на противникот да победи со истиот резултат во реваншот и со тоа да избори продолженија во кои погодокот на Фламинго во 98 минута се покажа како пресуден холандскиот претставник да избори пласман во осминафиналето на најквалитетното клупско натпреварување.
Ова дефинитивно е болен пораз и елиминација, а тоа го признава капитенот Мануел Локатели.
-Многу боли затоа што ја имавме во раце и испуштивме пласман во наредната фаза. Сите сме одговорни. Сега, треба да се собереме и да излеземе од овој момент, но ова многу боли. Во моментов, немам објаснување. Тие одиграа подобро од нас. повеќе ја посакуваа. Теренот секогаш зборува, другото е само зборување, -истакна Локатели кој запрашан дали Јуве сега треба да ги промени плановите, тој одговори:
-Тоа е прашање за клубот; мораме да тренираме најдобро што можеме и да бидеме достапни. Овој пораз боли и мора да се обидеме да се вратиме во Лигата на шампионите следната година. Мислам дека нема многу што да се каже во моментов. Оние кои се подолго тука треба да преземат одговорност. Само заедно, со напорна работа и решителност, можеме да поминеме низ вакви моменти. Боли, но мораме да дадеме се од себе, -подвлече Италијанецот.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)