Поврзете се со нас

Италија

Локатели посочи што му недостасуваше на Јувентус: Мораме да бидеме…

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус доживеа пораз од Интер во Милано (1-0) и со тоа направи голем чекор наназад во битката за Скудетото затоа што сега „нероаѕурите“ имаат четири бода повеќе на табелата, предност која може дополнително да се зголеми со оглед на тоа што клубот од Милано има еден натпревар помалку одиграно во досегашната кампања.

„Старата дама“ ќе мора да ја научи лекцијата од овој пораз, а во исто време ќе мора да се сврти кон новите предизвици почнувајќи од соочувањето со Удинезе.

-Штета беше да се загуби овој натпревар, но мораме да гледаме како да го продолжиме процесот на раст, почнувајќи од следниот натпревар против Удинезе. Јасно е дека сме разочарани од поразот, но убеден сум дека можеме да продолжиме да се подобруваме и мора да продолжиме вака. Имам верба во овој тим, претстои долг пат оваа сезона и треба да продолжиме по нашиот пат, -порача Маниел Локатели кој смета дека на екипата и недостасувала агресивност во дербито.

-Интер добро се движеше во првото полувреме, но ние повеќе влијаеме кога сме агресивни како што видовме по паузата.  Сфатив дека првото полувреме беше поизбалансирано, но бевме премногу длабоки, додека кога го засиливме темпото, вистина е дека оставивме простор зад нас, но тие ризици мора да се преземат. Мислам дека треба да бидеме поагресивни во иднина.

-Мораме да се потпреме и на тој сојуз и тимски дух што ни овозможи да стигнеме до тука. Сè уште не е завршено, има долг пат да се помине оваа сезона и мора да продолжиме да веруваме, -заклучи италијанскиот репрезентативец

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни