Поврзете се со нас

Италија

Локатели подготвен да прифати нова соработка со Де Ѕерби

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Мануел Локатели доживеа вистинско разочарување откако не беше повикан за настап на ЕП во Германија, а можеби таа одлука на Лучијано Спалети ќе има сериозно влијание и врз неговата најважна одлука ова лето.

Играчот за врска заокружи просечна сезона во дресот на Јувентус и очигледно не одиграл доволно добро за да се најде во националниот тим, а сега може да се одлучи за нов предизвик и нова соработка со неговиот поранешен тренер, Роберто Де Ѕерби.

Де Ѕерби неодамна беше промовиран во нов предводник на Олимпик Марсеј, а без никакво размислување тој би сакал да го види Локатели во средниот ред на својата нова екипа.

Италијанските медиуми тврдат дека и Локатели е подготвен за преговори и да преселба во Марсеј, каде ќе може да соработува со неговиот најважен ментор и според него, тренерот кој му ја променил кариерата додека соработуваа во Сасуоло.

Јувентус преговара за неколку играчи во средниот ред и веројатно нема да попречи трансфер на Локатели ако добие добра понуда, а на ваквото сценарио може да влијае и фактот што новиот тренер Тиаго Мота не го гледа сега повремениот италијански репрезентативец како играч без кој не може да го гради својот долгорочен проект.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни