Поврзете се со нас

Евролига

Лојд промаши зицер за победа на Звезда, Фенербахче дојде до десеттото славје во низа (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Кошаркарите на Зенит ја спасија честа на гостите во Евролигата и тоа со тесната победа во Белград на Црвена Звезда од 76-75.

Ова беше средба во која двете екипи добија по едно полувреме и нијанси решеваа околу победникот во салата „Александар Николиќ“. Лесно можеше да се случи и домаќините да слават на крајот, но во последниот напад Американецот Лојд промаши зицер откако претходно направи се сам како што требаше.

На крајот Пангос со 25 поени беше прво име кај Зенит и воедно на натпреварот, а пак кај домаќините трагичарот Лојд беше автор на 21 кош.

Фенербахче пак дојде до десеттиот триумф во низа, а најнова жртва беше Алба Берлин која го „положи оружјето“ во Истанбул (89-84). Де Коло беше брилијантен со 26 поени и 8 асистенции, Пјер додаде 17 поени, кај гостите се издвои Ериксон со 19 кошеви.

На другите пресметки, Асвел го доби Баерн Минхен со 87-79 и Валенсија ја доби шпанската битка со Реал Мадрид (89-78).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни