Поврзете се со нас

Италија

Лофтус Чик за лошиот старт на Милан: Мора да ја погледнеме големата слика…

Објавено

на

Милан не тргна во новата сезона како што се очекуваше и во првите три кола во Серија А освои само два бода иако играше со Торино, Парма и Лацио.

„Росонерите“ покажаа многу слабости, примија дури шест гола што значи по два на натпревар што секако е проблем кој мора да се реши почнувајќи од вечерашниот меч против Венеција кој мора да се добие за да се поголема самодоверба се влезе во дерби пресметките со Ливерпул и Интер кои се на програмата наредната седмица.

Веќе има и одреден притисок врз тренерот Пауло Фонсека, но играчи стојат цврсто зад тренерот ако е вистина тоа што го порача Рубен Лофтус Чик.

-Сите ние целосно веруваме во менаџерот. На тренинзите работиме секој ден. Ама мислам дека во моментот кога работите не одат толку добро, треба да направите чекор назад. Затоа што понекогаш може да се чувствува како сè да се руши.

-Навивачите сакаат да победуваат, исто така и ние сакаме да победиме. Но, треба да ја погледнеме големата слика. Имаме нов менаџер, ни треба време да ги научиме неговите начини и да ги исправиме работите. И мислам дека кога ќе го направиме тоа, ќе победуваме. Мислам дека само треба да работиме колку што можеме повеќе на теренот и да продолжиме да веруваме. И работите ќе се спојат, -порача Лофтус Чик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни