Италија
Лофтус-Чик со атрактивен погодок ја круниса победата на Милан на Сардинија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан го оправдаа статусот на фаворити и славеа на вечерашното гостување во Сардинија кај Калјари со 3-1.
Пиоли го измеше составот за овој меч, односно извади тим кој според него требаше да донесе резултат и на крајот тоа се случи и покрај тоа што домаќините беа тие што го отворија резултатот во 29 минута преку погодокот на Лувумбо.
„Црвено-црните“ одговорија и до крајот на првиот дел направија пресврт со головите на Окафор и Томори.
Во вториот дел Лофтус-Чик даде убав гол од далечина што беше доволно за заокружување на оваа партија на клубот од Милано.
„Росонерите“ имаат 15 бода, во наредното коло го дочекуваат Лацио.
На другите средби Емполи ја доби Салернитана со 1-0, а со истиот резултат Аталанта ја освои Верона.
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 24 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 21 час
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 23 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 24 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)