Поврзете се со нас

Англија

Љунгберг откри кога му станало јасно дека нема да добие шанса во Арсенал

Објавено

на

Фреди Љунгберг кратко беше менаџер на Арсенал, а функцијата ја извршуваше како привремено решение по отказот на Унај Емери и доаѓањето на Микел Артета.

Швеѓанецот ги водеше „топчиите“ на шест натпревари, но и самиот признава дека експресно му било јасно дека клубот не смета на него на подолг рок.

– Кога бев назначен за привремен менаџер, имав само една желба.

– Побарав од раководството да ми овозможи да ангажирам асистент, тренер кој во тие моменти немаше ангажман. Не добив одобрување за такво нешто и тогаш ми беше јасно дека нема долго да останам, но тоа  не ми пречеше.

– Подоцна ми беше тешко да го напуштам Арсенал, но решив дека е подобро да заминам и да се развивам како тренер, – изјавил Љунгберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни