Поврзете се со нас

Англија

Љунгберг го промовираше својот наследник во Арсенал: Ова е важен ден за нашето семејство (Фото)

Објавено

на

Фреди Љунгберг беше еден од милениците на фановите на Арсенал во својата генерација, а изминатите години не само што остана близок до премиерлигашот, туку во еден период беше предводник на У23 тимот, а во еден момент привремено ја извршуваше и менаџерската функција во првиот тим.

Поранешниот шведски репрезентативец денеска се пофали дека е горд што конекцијата на фамилијата Љунгберг со Арсенал продолжува и со следната генерација и тоа преку промоција на неговиот син во младинската академија на „топчиите“.

Рафи Љунгберг го потпиша првиот аматерски договор со Арсенал и ќе продолжи фудбалски да се едуцира во потврдената академија на лондонскиот клуб, а на фотографијата позира со Пер Мертезакер, кој е исто така поранешен играч на Арсенал, но и актуелен предводник на младинската академија на клубот.

– Денеска е горд ден за нашето семејство откако Рафи стана дел од фамилијата на Арсенал, – напиша Љунгберг на Инстаграм, 0бјавувајќи ги фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Ljungberg (@freddieljungberg)

Фреди Љунгберг играше девет сезони за Арсенал и освои две премиерлигашки титули, вклучувајќи ја историската сезона (2003/04) на „непобедливите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни