Свет
Љуљ собори два клупски рекорди на Реал Мадрид
Ветеранот Серхио Љуљ имаше важна улога во редовите на Реал Мадрид на патот кон европската титула, а продолжи со одличните настапи и во плејофот на шпанското првенство.
Реал денеска славеше над Гран Канарија, а Љуљ со својот ефект на теренот, постави два клупски рекорди на својот клуб.
Уште со првата тројка, Љуљ стана најдобар стрелец во историјата на клубот во шпанското првенство, а со втората стана прв играч на Реал кој постигнал 900 тројки во АЦБ лигата.
Инаку, досега најдобар реализатор на Реал беше Фелипе Рејес, а Љуљ денеска стигна до 6027 поени, што е нов рекорд. Само четворица играчи во историјата имаат постигнато 900 тројки во шпанскиот шампионат.
Љуљ го завршил денешниот натпревар со 16 поени, а поефикасен од него бил само Муса со 20 поени.
-
Шпанија24 часа
Анчелоти за откровението кое најмногу изненади на последните четири меча: Ќе ми биде тешко да го оставам на клупа
-
Англија18 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Евролига22 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства22 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП20 часа
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија19 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија