Поврзете се со нас

Македонија

Љубовта пред ЛШ: Толедо си заминува од Вардар и се сели во Романија

Објавено

на

Бразилскиот репрезентативец, Жозе Толедо по само една година си заминува од таборот на Вардар.

Тој требаше да преставува сериозно засилување на десната бековска позиција за оваа кампања, но најголем дел од истата беше во „аут“ поради повреда, а таман почна да се враќа и игра се појави пандемијата со коронавирусот по што се се прекина.

Толедо нема намера да остане во Скопје и според информациите се сели во Романија во таборот на третопласираниот тим од оваа земја Баја Маре. Бразилецот се одлучи за ваков потег затоа што сака да биде блиску до неговата девојка Лаура Араухо која исто ќе игра за Баја Маре.

Ако останеше во Вардар тој ќе можеше да игра во ЛШ, меѓутоа овојпат љубовта пресуди и бекот се одлучи за трансфер во Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни