Поврзете се со нас

АТП

Љубичиќ за фаворитите на Вимблдон: Убаво би било Ѓоковиќ да игра…

Објавено

на

Фото:twitter.com/AustralianOpen

Пред нас е третиот календарски грен слем, Вимблдон кој се уште важи за најпрестижен турнир во светот на тенисот.

Се очекува да биде доста интересно, возбудливо, да има изненадување затоа што секогаш е така кога се игра на оваа сцена, но за легендарниот Иван Љубичиќ сепак двајца тенисери се издвојуваат кога е во прашање врвот, борбата за пехарот.

Иван се надева дека Новак Ѓоковиќ ќе може да игра во Лондон, меѓутоа за него во прв план се Јаник Синер и Карлос Алкарас.

-Вимблдон е зад аголот. Федерер освои многу по титулите по Хале, ќе видиме дали сега е редот на Синер. Пред Ролан Гарос имаше многу прашања, пред се за физичкиот аспект на играчите како Синер, Алкарас и Ѓоковиќ. Сега се е поинаку. Се чини дека Синер и Алкарас се добро и се фаворити. Ноле ја имаше таа операција, но ќе се обиде да биде таму. Тоа би било навистина убаво. Сепак, во овој момент мислам дека фаворити се Јаник и Карлитос.

-Првите три-четири кола ќе ни дадат одговор во каква состојба се главните протагонисти. Ако најдобрите ја преживеат првата недела, ќе бидат се посилни фаворити, -порача Хрватот кој во кариерата освои 10 титули и своевремено беше трет најдобар тенисер на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни