Поврзете се со нас

АТП

Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Иван Љубичиќ своевремено беше еден од најдобрите светски тенисери, ас кој го држеше и третото место на АТП листата што доволно говори за неговиот квалитет, знаење, умешност.

Тој севкупо освои десет титули, а по завршувањето на активната кариера беше тренер на повеќе тенисери меѓу кои најголемото име беше Рожер Федерер. Хрватот со големо внимание ги прати сите случувања и денеска, па од негов агол проговори за двајца рекети од новата генерација Јаник Синер и Карлос Алкарас, особено за овој првиот кој имаше одлична завршница на сезоната.

-Синер не е како Алкарас. Не скокна од 40. на првото место во светот. Јаник тоа го направи во многу мали чекори. Напредокот на Jaник, особено во последните два месеци, е резултат на импресивната работа која не ја прекина. Требаше да помине низ некои искуства за да игра порелаксирано.

-На крајот од минатата сезона предупредив дека Јаник се уште нема одиграно важни натпревари против најдобрите светски тенисери. Сега нема што повеќе да научи во тој поглед. Го освои првиот мастерс 1.000 во Торонто, до финалето во Торино стигна победувајќи го најдобриот во светот, тој меч го загуби бидејќи на теренот дојде уморен од полуфиналето против Медведев, го победи и Алкарас кога беше број еден. Сето тоа му помогна да дојде на Дејвис Купот со сите пет сетила. Јаник има совршен став и на теренот и надвор од него, не се плаши од ништо.

-Очекував да го освои завршниот Мастерс, но тој го освои Дејвис купот. Го победи сите од првите десет, сега треба да видиме како ќе се носи со предизвиците на грен слемовито. Многу размислува, а тоа може да биде проблем кога ќе дојде денот на најголемите турнири. ништо не оди добро, а притисокот станува се поголем. Сè уште му недостига грен слем финале, но е опкружен со квалитетни стручњаци. Неговиот карактер е многу силен. Славата никогаш не му оди на глава, никогаш не е задоволен со постигнатото, -вели Иван за „Тутоспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни