Поврзете се со нас

Шпанија

Љоренте за поништениот гол на „Бернабеу“: Веќе не ги знаеме фудбалските правила….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Маркос Љоренте постигна гол против својот поранешен клуб Реал Мадрид и му донесе бод на Атлетико во големото дерби, откако максимално смирено и прецизно биеше со глава во 93-та минута.

Во моментите кога се чинеше дека „кралевите“ ќе запишат нови три бода во домашното првенство, градскиот ривал го зададе последниот удар и остана непоразен на „Сантијаго Бернабеу“, што според навивачите на Атлетико е задоволување на правдата со оглед на тоа што им беше поништен гол во раната фаза на вториот дел.

Савиќ погоди одлично со глава за 1:1, но поради специфично правило кое не го знаат ниту добар дел од играчите, беше воочено дека Саул е во офсајд поради тоа што Лунин со нозете бил во својот гол.

Според фудбалските правила, станува збор за недозволена ситуација, меѓутоа ова правило за многумина е нелогично и во дадената ситуација им донесе штета на „душекџиите“.

– На крајот добивме правда за напорот кој го вложивме во текот на целиот меч. Го сменивме и системот за да се одбраниме од нивните напади и со тек на време станавме подобри. Израмнувачкиот гол го посветувам на таткото на мојата сопруга, тој почина пред неколку дена. Го посветувам на цело негово семејство.

– Поништениот гол на Савиќ? Да бидам искрен, бев целосно изненаден. Бев зачуден што се досудува офсајд од корнер, такво нешто не се гледа во фудбалот. Велат дека Лунин бил внатре во голот и затоа било досудено офсајд. Да бидам искрен, ние фудбалерите веќе не ги знаеме и фудбалските правила, затоа не знам што да кажам точно на оваа тема, – изјави Љоренте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни