Љоренте верува дека Гатузо ќе донесе позитивна промена: Тој веднаш ја покажа…

gatuzo

Наполи ја заврши приказната со Карло Анчелоти и сега под водство на Џенаро Гатузо ќе се обиде да се врати на позитивни, победнички патеки во Серија А.

Енергијата на Гатузо веќе почнала да се чувствува на тренинзите на наполитанците и тоа го посочи искусниот напаѓач Фернандо Љоренте кој верува дека ангажманот на популарниот Рино може веднаш да донесе позитивни промени.

-Ако останеме заедно, можеме да се вратиме на нозе. Сакаме да се вратиме на првите места и да докажеме дека можеме да дадеме многу повеќе во оваа сезона. Гатузо веднаш ја покажа својата глад и одлучност. Тој може многу да ни помогне и се надеваме дека веднаш можеме да видиме силен настап на Наполи против Парма веќе овој викенд, -истакна Шпанецот.

Натпреварот Наполи-Парма се игра во сабота од 18 часот.

Facebook Коментари