Поврзете се со нас

Македонија

Љамчевски донесе драматична победа за Вардар, „црвено-црните“ се на чекор од Воска Спорт

Објавено

на

Екипата на Вардар дојде до посакуваната победа над Кораби во денешниот првенствен меч од Втората лига Запад.

„Црвено-црните“ долго се мачеа за да дојдат до трите бода, но беа упорни и преку Петар Љамчевски во судиското продолжение дојдоа до гол за 1-0 и големо славје. Со ова вардарци го искористија киксот на Воска Спорт кој вчера загуби од Гостивар, односно има само еден бод помалку од второпласиранот тим на табелата во второлигашката конкуренција.

Во истото ова друштво лидерот Силекс го декласираше Кадино со 7-0,  Охрид ја доби Беса со 2-0, додека Велешта беше подобра од Тетекс со 2-1.

Кога пак се во прашање резултатите во Втората лига Исток, Слога Виница како гостин беше подобра од Братство со 1-0, Саса и Кожув на домаше терен ги победија Осогово и Локомотива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни