Љафтов: Покажавме дека вредиме, критичарите нека зборуваат што сакаат

ljafotv

Нашата одбојкарска репрезентација дојде до првата победа на Европското првенство и тоа во пресметката со Белорусија која ја добивме со 3-1 во сетови.

Со ова ние испишавме нова страница во нашата одбојка со оглед на тоа што ова беше прва победа на вавко големо натпреварување, а истата воедно беше искористена да се испрати порака до оние кои го критикуваа националниот тим.

-Сите овие низа порази што ги имавме, можеби малку среќа, можеби тој инат што не критикуваа и велеа дека сме тука дојдени како аутсајдери. Еве покажавме дека можеме и сме пресреќни. Тоа е нашата игра, според мене имавме многу падови и осцилации во претходните мечеви, ама денеска покажавме дека вредиме. Желбата беше голема, да не си заминеме од турнирот без победа. Ние сме дебитанти, а како такви добро се чувствуваме, другите што сакаат нека зборуваат,- порача Александар Љафтов.

Facebook Коментари