Поврзете се со нас

Франција

Лизаразу: Засрамен сум од прес-конференцијата на Мбапе, такви зборови не смее да употреби еден капитен

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Килијан Мбапе си го оствари својот животен сон со трансферот во Реал Мадрид, па во оваа фаза од кариерата, самиот нагласи дека не обрнува преголемо внимание на критиките кои му пристигнуваат од родната земја.

Понесени од лошите последни изданија кои ги има за националниот тим, француските новинари го запрашаа капитенот дали стравува од свирежи пред вечерашниот натпревар во Лион меѓу Франција и Белгија, а неговиот рамнодушен одговор му донесе критики од Биксант Лизаразу.

– Веќе сум во фаза на животот и кариерата кога не обрнувам внимание на другите. Доаѓам, играм и давам се што имам за тимот. Не ме интересира што мислат фановите и луѓето, тоа не е моја грижа, – изјави Мбапе, а оваа негова рамнодушност го налути поранешниот француски репрезентативец.

– Прес-конференцијата на Мбапе ме изненади и ме засрами како Французин. Употребените зборови беа несоодветни. Тоа не се зборови кои ги употребува лидер, а уште помалку капитен.

– Не може да бидете бесчувствителни кон чувствата на навивачите за националниот тим. Не може да бидете безгрижни, мора да им дадете надеж, треба да ја сочувате емотивната врска меѓу националниот тим и публиката. Зборовите кои ги употреби се неадекватни, – вели Лизаразу во интервју за „Лекип“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни