Поврзете се со нас

Франција

Лизаразу го детектираше главниот проблем на Нејмар: Тој секогаш полудува во исти ситуации

Објавено

на

blank

Нејмар се најде во центарот на вниманието во вчерашниот непријатен пораз кој го претрпе ПСЖ во големото дерби против Лил, не само поради тоа што доби црвен картон, туку и поради фактот што се обиде да изрежира и физичка пресметка во тунелот.

Бразилецот беше во постојан вербален дуел со Тиаго Џало кој исто така доби исклучување со ѕвездата на ПСЖ во судиското надополнување, а ситуацијата ескалираше во тунелот кога мораше да реагираат луѓето задолжени за обезбедување.

Непрофесионалниот однос на Нејмар одново стана топ тема во француската спортска јавност, а легендарниот Биксант Лизаразу го детектираше големиот проблем на Нејмар и нагласи дека тој едноставно е лош губитник и лош соиграч.

– Нејмар секогаш го прави ова во одредени ситуации. Кога работите не се по негова волја и кога не одат онака како што сака, тој полудува и комплетно се губи.

– Тоа не е добра особина. Вчера повторно ја направи истата грешка и се самоисклучи за наредниот натпревар. Тој е фантастичен фудбалер, но неговиот однос не е другарски однос кон соиграчите. Тој не е добар како соиграч, – заклучи поранешниот француски репрезентативец во програмата на „Телефут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни