Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул за „џабе“ го добива Мекалистер

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Екипата на Ливерпул е на добар пат да го официјализираше трансферот на аргентинскиот репрезентативец од редовите на Брајтон, Алексис Мекалистер.

Мекалистер е пред промоција на „Енфилд Роуд“ што е не е изненадување, но затоа пак шокира сумата која „црвените“ ќе ја издвојат за овој трансфер. Се споменуваат цифри од 60,70 милиони фунти, ама ако е точна информацијата на италијанскиот новинар Фабрицио Романо тогаш Ливерпул добива „џек-пот“.

Романо скоро секогаш има добри, проверени информации, па според него поранешниот англиски шампион ќе издвои „само“ 35 милиони фунти и тоа со активираше на одредена клаузула во договорот.

Соработката е со важност до 2028 година и сега останува само да стигне официјална потврда за зделката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни