Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул веќе има фаворит за наследник на Клоп

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Заминувањето на Јирген Клоп по крајот на сезоната активираше итен процес во редовите на премиерлигашот, а тоа е одредување на неговиот наследник.

До вчера медиумите постојано го споменуваа Чаби Алонсо, но откако Шпанецот самиот се елиминираше од трката, прв фаворит за одговорната функција е португалски стручњак.

Локалните медиуми тврдат дека најблиску до работата е Рубен Аморим, актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, кој со стилот на игра кој го наметнува во португалската екипа се наметнува како потенцијален наследник на Клоп.

Во ситуација кога и Барселона и Баерн Минхен се во потрага по нов тренер, Ливерпул сака да дејствува брзо и да го реши прашањето пред европските ривали, со што би го довел вистинскиот избор на клупата.

Доколку Аморим биде официјалниот избор на „црвените“, тогаш премиерлигашот ќе треба да плати отштета меѓу 12 и 15 милиони евра за тренерот да добие дозвола од Спортинг да се пресели на островот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни