Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул уплашен од интересот на Сити со реакција: Нуди еден играч плус пари за Кулибали

Објавено

на

blank

Во текот на претходните денови во англиските медиуми се појави шпекулација дека Манчестер Сити е заинтересиран за Калиду Кулибали.

Според истите најави, Сенегалецот преферирал преселба во таборот на клубот до Манчестер, но сега излегоа други вести поврзани со целата трансфер сага.

Имено италијанскиот „Тутоспорт“ тврди дека Ливерпул е подготвен да го понуди Дејан Ловрен на Наполи, а плус тоа да даде и завидна сума на пари за да го обезбеди потписот на Кулибали.

Јирген Клоп сака да направи перфектно партнерство меѓу Кулибали и Ван Дајк во одбраната и решен е да оди до крај во трката за ангажман на играчот.

За Кулибали, Аурелио Де Лаурентис ќе бара сума од 90 милиони евра, меѓутоа се верува дека Ливерпул ќе испрати понуда од околу 60 милиони евра плус во неа ќе го вклучи и Дејан Ловрен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни