Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул тргнал по прво засилување, фановите може да бидат разочарани затоа што е голман

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ливерпул е најнеактивен клуб во преодниот рок од клубовите кои имаат големи амбиции во Премиер лигата, а новиот менаџер Арне Слот неколку пати досега се обидуваше да ја објасни пасивноста со чекање на вистинска шанса за соодветно засилување на тимот.

„Црвените“ очигледно конечно решиле да повлечат некој потег и да реализираат преговори, но фановите донекаде може да бидат разочарани бидејќи шпекулациите го поврзуваат клубот со нов голман.

Шпански „Релево“ тврди дека Ливерпул сака да го ангажира грузискиот голман Џорџо Мамардашвили, кој се истакна со својот квалитет на последното ЕП, а изминатите сезони беше стандарден и на голот на Валенсија.

По доаѓањето на нашиот Столе Димитриевски, Мамардешвили беше ставен на трансфер листата бидејќи Валенсија сака да заработи солидна сума за квалитетниот голман, а Ливерпул пак сака да си обезбеди квалитетна поддршка за Алисон Бекер.

Планот на Ливерпул е да го обезбеди Грузиецот како наследник на Алисон, а првата сезона да биде испратен на заем во друг клуб, со што би можел да ја добие и посакуваната минутажа.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни