Англија
Ливерпул според планот, Арсенал се намачи за три бода на „Молину“ (Видео)

Ливерпул лесно освои нови три бода во Премиер лигата и продолжи да маршира кон титулата во Премиер лигата, битка во која дефинитивно останува жив и Арсенал и покрај неубедливата игра.
Тимот на Арне Слот немаше никакви проблеми против Ипсвич и славеше убедливо на „Енфилд Роуд“ со 4:1, додека Арсенал мораше да се изнамачи за да освои три бода на „Молину“.
Собослаи, Салах и Гакпо уште во првото полувреме најавија во кој правец ќе тече натпреварот, додека во вториот видовме по еден гол на двете страни.
Гакпо со својот втор гол го реши прашањето околу победникот, додека Гривс во 90-та минута постигна почесен гол за гостите (4:1).
За разлика од Ливерпул, Арсенал долго се мачеше против Вулверхемптон и во второто полувреме играше со човек помалку, но позитивна вест за Микел Артета беше тоа што црвен картон заработија и домаќините.
Младиот Луис Скели доби исклучување на крајот од првиот дел, додека во таборот на „волците“ црвен картон доби Жоао Гомеш во 70-та минута.
Веднаш по израмнувањето на силите, Арсенал тргна во офанзива и постигна гол преку Калафиори за 0:1, што се покажа како доволно за победа и три бода.
Арсенал остана на минус шест од Ливерпул со овој тримф, но лидерот на табелата има одиграно еден натпревар помалку.
-
НБА8 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Англија9 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија24 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија10 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија8 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија23 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
НБА6 часа
Маестро Дончиќ режира кошаркарски магии и во лоша НБА вечер (Видео)
-
Лига на шампиони5 часа
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука