Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул со ураганско второ полувреме ги реши проблемите на „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп го подготвуваше натпреварот против Лутон со многу изостаноци во првиот тим, но и покрај тоа, избраниците на германскиот стручњак успеаја да најдат решение и да запишат нови три бода.

Лутон покажа заби на „Енфилд Роуд“ и успеа да го изненади фаворитот со голот на Огбене во 12-та минута, но ако гостите навистина добро стоеја во првиот дел, во вториот целосно се распаднаа.

Ливерпул одигра урагански во првите 20-тина минута од второто полувреме и постигна три гола преку Ван Дајк, Гакпо и Дијаз, по што стана јасно дека бодовите остануваат на „Енфилд“.

Во самата завршница, во листата на стрелците се запиша и Елиот за конечни 4:1, па Ливерпул само ја потврди доминацијата и покрај тоа што на теренот немаше играчи како Алисон, Жота, Арнолд, Салах, Џонс и Нуњез.

Со новите три бода, Ливерпул отиде на плус четири од Манчестер Сити и пет од Арсенал, со напомена дека ривалите имаат натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни