Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул со „тројка“ до врвот на табелата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Екипата на Ливерпул ја оправда фаворитската улога и обезбеди триумф над Барнли (3-1) во денешното соочување на „Енфилд Роуд“ во рамките на 24.коло во Премиер лигата.

Домаќините беа симнати од лидерската позиција од Манчестер Сити во текот на денешниот ден, меѓутоа избраниците на Клоп брзо се вратија на врвот и тоа со остварениот резултат против поранешниот тим на Дарко Чурлинов.

Жота во 31 минута донесе предност за „црвените“, но Барнли се врати во игра со голот на O’Ши во 45 минута. Сепак во вториот дел работите си дојдоа на место, па Диаз во 52 минута стрелаше за 2-1, а пак Нуњез во 79 зголеми на 3-1 и со тоа ја потврди 16 сезонска победа.

Сега Ливерпул има 54 бода, два повеќе од Манчестер Сити, ама и натпревар повеќе во однос на бранителот на пехарот.

Останати резултати: Тотенхем-Брајтон 2-1, Вулверхемптон-Брентфорд 0-2, Лутон-Шефилд Јунајтед 1-3, Фулам-Борнмут 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни